Внимателно прочитајте го начинот на кој што можете да изнајмите велосипед, условите, правата и обврските.
Доколку веќе знаете каков велосипед Ви треба, можите да одберите од велосипедите на следниот линк...
Во спротивно, можете да не посетите лично и нашите вработени да Ви помогнат при изборот.
Фикамаго
- Адреса: Карпош Комплекс А лок.3, 7000 Битола
 - Тел: 047 232 103
 

Како да изнајмите велосипед:
- Пополнете ја контакт формата под велосипедот за кој сте заинтересирани и кликнете испрати. (линк: листа на велосипеди...)
 - Во најкраток можен рок ќе Ве известиме дали бараниот велосипед е слободен во посакуваниот термин и ќе Ве известиме за начинот на подигање / достава
 - Оставете валиден документ (пасош или лична карта) како гаранција или депозит во вредност 80 % од вредноста на велосипедот
 - Со секој изнајмен веосипед следува заштитна кацига и синџир за заклучување
 

Услови:
- Вие сте одговорни за изнајмениот велосипед.
 - Велосипедот секогаш треба да биде сместен на сигурно место и заклучен.
 - Доколку го паркирате велосипедот само на 1 минута - заклучете го!
 - Доколку Вашиот велосипед е украден, морате да ја платите сумата пропишана во договорот за изнајмување.
 - Велосипедите се погодни за возење единствено на едно лице.
 - Доколку го вратите велосипедот со посериозни оштетувања, тогаш вие сте одговорни за истите и соодветните поправки
 - Сите велосипеди имаат добри гуми и доколку на некој велосипед се скине гума, тоа е на Ваш ризик и трошок.
 - Вие самите сте одговорни за Вашата безбедност. Велосипедите кои се издаваат се во техничка исправност за планираната намена и за секоја евентуална повреда на лицето кое го изнајмува велосипедот, одговорно е самото тоа лице. !
 - Плаќањето може да се направи во готово или пак со кредитна картичка.
 
										
										