Ако некогаш се случи да го посетите градот Битола или пак наминувате во близина по регионалниот пат Прилеп - Битола - Охрид, тогаш мора да наминете и до село Крклино, кое е одалечено на само 5 км од Битола. Причината за неговата посета ќе ја дознаете само по 2-3 минути кога ке ги здогледате патоказните табли кои ќе ве одведат до Збирката на реткости „ФИЛИП“ која слободно може да се нарече Авто и Етно музеј.